Промени тема
Контакт

Тасевска: Покрај раст на минималната плата, обезбедуваме и повеќе можности за вработување на младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-02-10-190300

Покрај растот на минималната плата, Владата предводена од СДСМ ќе продолжи да работи на реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе можности за младите што порано да се вработат, да стекнат работно искуство, а со тоа дополнително да се намали стапката на младинска невработеност, порача пратеничката Лидија Тасевска во своето обраќање на денешната седница на Собранието.

— реклама —

„Во следниот период ќе се фокусираме на следните мерки кои се однесуваат на младите како што се покривање на придонесите на секое вработено лице до 29 години кое ќе се вработи за првпат, за сите кои не се подготвени за работа, бидејќи не развиле вештини, државата ќе го покрие трошокот на фирмите за да се обезбеди знаење и вештини преку пракса, поврат на персонален данок на доход за сите нововработени под 30 години, ќе се обезбеди поддршка за отворање на локални младински центри и младински центри, а новина ќе биде и платната работа на студентите во студентските домови“ истакна Тасевска.

— реклама —
— реклама —

Пратеничката Тасевска посочи дека ќе се стимулираат младите лекари да отворат свои амбуланти во руралните средини, а ќе продолжи и финансиската поддршка од 20.000 евра за млади земјоделци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања