Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Тасевски до СДСМ: ДУИ ја спасува врската со ВМРО ДПМНЕ, треба да сте смртно исплашени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
saso-tasevski

Актерот Сашо Тасевски преку својот Фејсбук профил им се обрати на членовите на политичката партија СДСМ.

„Им пишувам на фините луѓе во партијата, а не на опинците и ѓубренцата шарени покрај вас. Она што го пишав вчера сабајле на фејсбук, се потврди ноќеска во парламентот. Ако драмата не беше бурлеска и фарса во која сте сите режисери, тогаш ДУИ пред изборите, не ви пука само во колена, туку и во главата ви пука. Полека ја спасува врската со нивниот најприроден сојузник, ВМРО ДПМНЕ. Му се враќа во кревет. Затоа не само што треба да сте загрижени, туку и смртно исплашени.

— реклама —

Додека тие взаемно шуруваат, никогаш нема да направите пристојна држава, дури и да имате најдобри намери и најдобри идеи. Спремаат ваш отстрел. Свесни се дека лошо одработивте на домашен терен и дека немате поддршка. Американците се прагматични луѓе. Ако видат немате грб во народот, ќе си најдат друго дете покрај ДУИ за да продолжи. Кого и да најдат ќе ги слуша, само да биде на власт. Особено ДПМНЕ. Мора да пресечете.

Не е светот околу вас толку фин и розов како што фантазирате. Преговаравте со сите од позиција на слаба карика.Затоа, сите тие не ве ценат. напротив, ве презираат додека ве тапкаат по рамо. Излезете од заблудата и стапицата во која сами се фативте. Тргнете безмилосно на ДУИ со силата на законите, обвинителствата, доказите и ќе го видите нивниот вистински лик. Ќе сфатите какви шакали држите во скутот, Зашто тие не се ништо друго, освен брутални насилници облечени во одела.

— реклама —

Знам не откривам топла вода, ви нудам ведро со студена, да ја бутнете главата во неа и да се разбудите. Инаку, отидовте јабана. Многу од вас, знам, го разбираат ова, ама несреќата е што не делувате во правецот на самоодржувањето. Напротив дремете ко свинчиња пред кланица и го чекате џелатот“, стои во објавата на Фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања