Тасевски: Дојавите за бомби не доаѓаат од деца, туку од одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
policija-bombi_0

Никој не се заканува со бомби во школи за да откаже испрашување, тест или да ја смени директорката. Ниту пак го прави тоа зашто нема пари за греење па ај ќе направам паника за сите да седат дома, вели актерот Сашо Тасевски, според кој овие закани се нарачани и спроведени од „одредени центри на моќ, власта или странски тајни служби со асистенција на домашни предавници, петта колона“.

— реклама —

„А можеби сите тие елементи делуваат заедно со власта, доколку е квислиншка. Може да биде вклучена и шестата колона или екстремната емиграција.

— реклама —

Целта е да се предизвика страв кај населението со цел да се спроведе некој поголем план на негова штета. Воведување на екстремни мерки божем за негова заштита, скратување на неговите слободи, скратување на способноста да мисли критички… Оти кога смртно ќе исплашиш некого, тој не може логички да мисли што му се случува, па можеш лесно да го манипулираш или да го натераш да прифати нешто што во нормална состојба никогаш не би го прифатил.

— реклама —

Особено ако му се заканиш по животот на неговите деца.

Е сега целта на заканите може да биде и дестабилизација на власта. Да се покаже колку е неспособна да одржува мир и безбедност и да се бара нејзина брза смена.

Но, моја претпоставка е дека зад заканите со бомби стои власта под диригентската палка на странски непријателски служби кои намерно создаваат паника меѓу нас за да го кренат нивото на нивната контрола и манипулација над нас како би го спровеле до крај својот план.

Мирна спора федерализација и поделба на Македонија, без тоа да го запали балканското буре барут.

Сега они го читаат ефектот на заканите во јавноста. Ако проценат дека не задоволува, ќе детонираат и вистинска бомба во некое школо. За почеток кога нема ученици во школото. Третата фаза би им била прав масакр.

Доколку пак, зад заканите стојат некои исламски екстремисти во џихад, не би се заканиле. Бомбите би пукнале без најава.

Затоа не верувам дека џихадисти се во прашање.

Ова со заканите е масло на власта по наредба и план на странци или нечиј план за уцена и дестабилизација на власта, за да се принуди да го истурка до крај она што го ветила на странците. Видовте Обиџуко каков театар правеше? Затворени улици полиција, специјалци на секое ќоше. Мисли глупи сме ко него.

Значи, дојавите за бомби не доаѓаат од деца и осамени мастурбатори што не опнале жена у животот. Тука да бидеме на чисто“, порача Тасевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

314899822_10160258751702180_6066348061188349064_n

Не се секирајте, војводите од 1903 се кај мене дома, ќе се вратат во гробовите штом оние од СДС го напуштат Крушево, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

saso-tasevski

Ако се прашувате на какви изроди мислел Делчев кога рекол дека Македонија најмногу страдала од своите синови изроди, ете ги примероците во СДС, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

20230706084902

„Роди ме мајко Дарданишта и фрли ме на буниште...пардон у Комунална...“, вели Тасевски

Коментари | пред 2 години

sasho-tasevski

Стоилковски: Кои се услуги ги нуди семејната фирма на Тасевски на клиентите и зошто фирмата ја нема во неговиот анкетен лист

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања