Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Тасевски открива хорор: Мртвите од ковид ги бањаат со варикина, необучени без заштитна опрема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
korona-6

Точно е. Добив потврда од повеќе луѓе. Мртовците од ковид ги бањаат со разредена варикина, понекогаш необучени луѓе, без опрема за заштита. Облеката на умрените дури и да не ја облекле која им ја донеле блиските се фрла во отпад. А бе хорор било таму, напиша на својот Фб профил актерот Сашо Тасевски.

— реклама —

Тасевски во објавата додава:

Филипче слези од моторчето и посети го другар ти во славната болница која им ги зема сите пари на болните., преживеале тие или не.

— реклама —

Смрдежи алчни.

Одете бе истражете, ќе дознаете и пикантерии за дијареите на болните од медикаменти, пелените, модри од инфузиите, разголени...

Во друга објава Тасевски пишува:

>Новинари да си појдете во болницата на војсководецот и да видите каков мобинг се прави од шефот. Вработените се под страотен стрес. Нема кој да им помогне.

Луѓе од администрација пратени во заразно горе кај короната, необучени, без ракавици и опрема помагаат на болните. Некои од нив бањаат мртви од корона. Сето тоа под уцена и мобинг. Или ќе работите кај заразените или одите на улица.

Од тие необучените после неколку дена се заразиле жена и маж кои претходно никогаш немале искуство со зарази. Новите договори како болничари ги потпишале под уцена и за 10 илјади денари помала плата. Ако земале 30 илјади, сега им е платата 20 илјади.

Филипче како си?

За кој мој си министер?

Има држава?

Кој ќе ги заштити овие луѓе?

извор: ФБ Сашо Тасевски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања