Тасевски за преработката на „Некст тајм“: Да те питам бабо, колку ти платија за да смениш исказ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
saso-tasevski

И покрај тоа што реакции за преработката на Нешто ќе те питам бабо на браќата Мартин и Стефан од Некст тајм главно се позитивни, барем оние најгласните, актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил со малку поинаква реакција:

— реклама —

„А бе бабо, нели прво Гоце Делчев рече дека ти дошол на вечера и масажа. Од каде сега Тодор Александров. Кажи мори бабо колку ти платија Некст Тајм да смениш исказ и да кажеш дека со Тодор Александров си била таа ноќ? Немој така бе бабо, не е убаво. Утре некој друг ќе направи песна у која на гости ќе ти дојде Цар Борис лично.

Да те питам мори бабо, зошто на млади луѓе, талентирани музичари, толку им е важно да препеат песна за некоја сподоба, која со сила сакаат да ја прикажат како херој на кого му ја должиме државноста. Дечки од Некст Тајм кој ви дава пари да се идеологизирате и да си го валкате музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето пак, се тотално неважни. Нели рокери бевте? Ганс анд роузис, ово оно… Кога отидовте у блгарски врховисти?За кого го направивте препевот? За новите генерации што растат со фортнајт и мајнкрафт и чии процесори работат во тера бајти? Што ќе научат од тој препев? Чуму? За кого бе? Па уште промоцијата на новиот спот за Тодор Александров во Драмски театар. Онака, лабаво, пред избори. Јебо вас Тодор Александров, да вас јебо. Сите до еден“, стои во објавата на Фејсбук.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања