Таткото што нападна двајца малолетни фудбалери во Штип доби затворска казна од 11 месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarylt8r0dobpfn7bmRZYVp

Родителот кој во август, за време на натпревар меѓу младинските екипи на „Брегалница“ и „Шкупи“, физички нападна двајца 15-годишни фудбалери, е осуден на казна затвор од 11 месеци.

— реклама —

Како што информира портпаролот на Основниот суд – Штип, обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје, е прогласен за виновен за сторено кривично дело – насилство, по член 386 став 4 од Кривичниот законик. Пресудата сè уште не е правосилна и следи периодот за жалба до Апелациониот суд во Штип.

— реклама —

Инцидентот се случи на 24 август годинава на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на младински натпревар меѓу екипите на „Брегалница“ и „Шкупи“. Основното јавно обвинителство Штип веднаш поведе итна постапка против 43-годишниот родител, поради грубо насилство со кое ја загрозил сигурноста на две деца родени во 2010 година — играчи на домашниот тим.

— реклама —

Според истрагата, насилството започнало откако синот на обвинетиот, незадоволен од одлуката на судијата, реагирал со удари кон еден од играчите на „Брегалница“. Во тој момент на теренот влегол таткото, кој со тупаници и клоци ги нападнал двете деца, нанесувајќи им повеќе повреди, меѓу кои и скршеница на нос без дислокација. Скопје1 објави и видео снимка од насилниот инцидент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryth2ecknbhv387bhWagR

Газдата на „Дурмо Турс“ конечно се појави во затвор да издржи 10 години по трагедијата кај Ласкарци и низа одлагања

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Осуденик од Штип со тешки повреди откако го натепале во кумановскиот затвор

Македонија | пред 1 месец

media-librarypttrn4til086cc9x41v

Фатон Љури е казнет со 11 години затвор за смртта на Југослав Николовски на кејот на Вардар

Македонија | пред 1 месец

vasil-j

Апелација пресече, 13 години затвор за Јованов, кој ја прегази Фросина

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања