Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Tеатарска претстава во чест на Горан Стефановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
276985968_1011709016110940_7442443663611496182_n

Преку театарска претстава, посветена на Горан Стефановски, Актерска школа на Весна Петрушевска, КМК Продукција и Македонскиот народен театар ќе оддадат почит на еден од најзначајните и најизведувани македонски драмски автори воопшто.

— реклама —

Горан Стефановски е македонски драмски автор, универзитетски професор и академик. Претставник е на модерната македонска драматургија и автор е на сценарија за ТВ серии, ТВ филмови и драми. Драмските дијалози во неговите дела и по 30 години ја отсликуваат актуелната стварност во Северна Македонија.

Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан, силна, огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов.– истакна Весна Петрушевска.

— реклама —

Горан Стефановски е изведуван на сите македонски сцени (Скопје, Битола, Штип, Струмица, Прилеп, Велес, Охрид, и др.), потоа во сите некогашни југословенски културни центри (Белград, Загреб, Љубљана, Сараево, Нови Сад, Ниш, Титоград (Подгорица), итн.), како и во големите театарски центри во светот: Париз, Будимпешта, Лондон, Софија, Москва, во повеќе градови во САД, во Брезно во Словачка, во Лоѓ во Полска, Антверпен во Белгија, Стокхолм итн.

Премиерата на театарската претстава ќе се одржи на 26ти март, со почеток во 12 часот, во Македонскиот народен театар, на чија сцена ќе излезат учениците од актерската школа на Весна Петрушевска.

За првпат ќе се слушнат на сцена неговите генијални текстови од книгата „Стапица“. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик. Во вистинска смисла на зборот за еден актер предизвик, за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача. Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Горан е љубов.- додаде Петрушевска.

Поради големиот интерес, двете изведби на 26ти март се распродадени, додека, следната изведба е на 9ти април, од 12.00 часот во Македонскиот народен театар.

Напомена: Картите се во ограничен број.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1nvae3sj3hf3cNjch92

Шест години без Горан Стефановски – драматургот што ја напиша македонската болка

Македонија | пред 1 месец

goran-stefanovski-sekoja-generacija-se-srekjava-so-nekoi-novi-opasnosti-218212

Горан Стефановски: Хераклеа и Охрид ми се дома, не може се да е кај вас, а ништо кај нас

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања