Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Тејлор Свифт доби тужба за авторски права

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
tejlor-svift-njujork-stan-stan-tejlor-svift-99

Поп ѕвездата Тејлор Свифт ќе мора да се соочи со судење со порота по тужбата од двајца текстописци кои тврдат дека пејачката, добитник на „Греми“, копирала нивен текст за хитот Shake It Off од 2014 година, одлучи судија во Калифорнија.

— реклама —

Во одлуката објавена во четвртокот, окружниот судија Мајкл В. Фицџералд го одби барањето на Свифт да ја отфрли тужбата во која се тврди дека зела текст од песната Playas Gon ‘Play (2014) на аренби бендот 3LW.

— реклама —

Фицџералд рече дека има „некои забележливи разлики меѓу двете песни, но и доволно објективни сличности“, поради што случајот треба да оди на судење со порота.

— реклама —

Портпаролката на Свифт немаше коментар на ваквата одлука. Во 2017 година, претставници на Свифт го нарекоа тврдењето на текстописците за кршење на авторските права „смешен обид за грабање пари“.

Шон Хол и Нејтан Батлер тогаш ја тужеа Свифт и бараа оштета Нивниот случај беше отфрлен во 2018 година, но тие поднесоа жалба.

Во Shake It Off, Свифт пее: „играчите ќе играат, играат, играат, играат, играат, а хејтерите ќе мразат, мразат, мразат, мразат, мразат“.

Во Playas Gon ‘Play, напишана од Хол и Батлер, има стих „играчи, тие ќе играат, а хејтери, тие ќе мразат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања