За време на погребот на Тереза Вард, во округот Галвеј, Ирска, дојде до тепачка во која две жени и пет мажи се тешко повредени. Ожалостените беа нападнати на гробиштата, а ковчегот на мртвата жена падна на земја бидејќи тие беа принудени да се бранат.
Погребот на Тереза првично беше закажан за друг ден, но беше одложен да се одржи на роденденот на нејзината ќерка, која почина од рак пред само девет месеци, пренесува Дејли Стар.
Се верува дека инцидентот е предизвикан од одмазда помеѓу две ривалски семејства, која ескалираше во последните месеци и не беше поврзана со семејствата на починатите.
Жителите во близина на гробиштата Туам изјавија дека го забележале присуството на полицајци во таа област уште од раните утрински часови.
- Нападите се случија од чист мир. Ковчегот не успеа ниту да влезе во гробот и мораа да го фрлат на земја додека не се смири ситуацијата - изјави еден очевидец.