„Тепачка“ за становите на Груевски, апартманите на Водно никој не му ги сака

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
gruevski-nikola-543

Два од становите на поранешниот премиер Никола Груевски, одземени во предметот „Плацеви на Водно“, беа продадени вчера преку електронска аукција спроведена од Агенцијата за управување со одземен имот.

— реклама —

Станува збор за двата стана на улицата Бихаќка, веднаш до дуплексот во кој Груевски живееше пред бегството. За нив, според информациите за „Фокус“, имало голема заинтересираност – се продале за речиси двојно повеќе од проценетата вредност. Станот со површина од 57 метри квадратни, кој се нудеше по цена од 63.000 евра, е продаден за 131.186 евра, додека помалиот од 38 квадрати, проценет на 44.000 евра, достигна цена од 90.016 евра. Новите сопственици засега не се откриваат, бидејќи се чека нивната уплата.

— реклама —

Истовремено, аукцијата за трите луксузни апартмани во комплексот „Панорама“ на Водно била неуспешна – немало ниту еден пријавен учесник.

— реклама —

„Електронската лицитација за апартманите на ул. Тодор Александров беше неуспешна, односно немаше пријавени кандидати“, велат од Агенцијата.

Апартманите на Водно имаат вкупна површина од 750 квадратни метри и се проценети на над 2,4 милиони евра. Сите се со големи балкони и луксузна опрема, со поглед кон цело Скопје.

Еден од становите има 155 м² внатрешна површина и 95 м² тераса, проценет на 760.000 евра.

Вториот е од 199 м² со балкон од 48 м², вреднуван на 847.000 евра.

Третиот има речиси идентични димензии – 200 м² и балкон од 48 м², со проценка од 851.000 евра.

Груевски на истата адреса на Бихаќка поседувал вкупно четири стана – два кои ги користел како библиотека и работна соба, покрај дуплексот во кој живеел.

Претходно, „Фокус“ објави дека е продадено и атрактивното земјиште на Сашо Мијалков во Гевгелија за сума под еден милион евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања