„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Територии, руски јазик, руска црква, ограничена армија, што се бара од Украина за „мирот“ на Трамп?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
ukraina-kiev-1

Откажување од делови од источна Украина, вклучително и територии што Киев ги контролира денес.

— реклама —

Создавање демилитаризирани појаси, каде украинската војска воопшто нема да смее да влегува.

Драстично намалување на армијата и ограничувања за тешко вооружување.

— реклама —

Забрана за странски војници на украинска почва.

Контроли врз западното оружје за да не стигне до позиции што би можеле да ја погодат Русија.

Официјален статус за рускиот јазик на целата украинска територија.

Посебна улога за Руската православна црква во државата.

Нејасни американски безбедносни гаранции, без дефинирани механизми за заштита.

Ова е дел од предлог-документот од 28 точки што се поврзува со тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, односно мировниот план со кој би се ставил крај на војната во Украина.

Во неговото подготвување, според сознанија на западни медиуми, учествувале лица со висок политички статус: Стив Виткоф, потпретседателот Ј. Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и Џаред Кушнер. Особено внимание предизвикува фактот што во процесот бил инволвиран и рускиот олигарх Кирил Дмитриев – човек близок до Кремљ и чест учесник во паралелни канали на комуникација меѓу Москва и Западот.

Дополнителни прашања отвора и неодамнешната посета на американска делегација, предводена од секретарот за копнени сили Дан Дрискол, на Киев. Таму, според упатените, не се разговарало само за воена помош, туку и за „опции за деескалација“ поврзани со овој документ – што во Украина се толкува како можен притисок врз властите.

Критики: План што ѝ го намалува суверенитетот на Украина, а Русија не ја обврзува на ништо

Украина жестоко реагира. Планот го нарекуваат опасен, едностран и длабоко неповолен. Суштината, велат тие, е дека Украина би изгубила територии, би останала речиси разоружена и би морала да толерира зголемено руско влијание врз јазикот, културата и религијата – без јасни гаранции дека Москва ќе ги исполни своите обврски.

Западните аналитичари пак забележуваат нешто уште поалармантно: голем број точки речиси буквално се поклопуваат со долгогодишните барања на Русија. Затоа, наместо чекор кон мир, документот им наликува на формула што Украина ја води кон принудни отстапки со малку или без никаква заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања