Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Терористичката закана во Британија подигната на „сериозно“ ниво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryra9t269skkqgeYeqJNm
фото: unsplash

Ниво на терористичка закана во Обединето Кралство денеска е подигнато од „значајно“ на „сериозно“, што значи дека напад е „многу веројатен во следните шест месеци“, соопшти Заедничкиот центар за анализа на тероризмот.

— реклама —

Како што се наведува, одлуката е донесена по напад со нож во лондонската населба Голдерс Грин, но и поради поширок пораст на закани од исламистички и екстремно десничарски тероризам, кои доаѓаат од поединци и помали групи во земјата.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд изјави дека вчерашниот напад бил „гнасен чин на антисемитски тероризам“ и најави дека владата ќе преземе мерки за заштита на еврејската заедница.

— реклама —

Таа додаде дека ќе бидат зголемени финансиските средства за безбедност, вклучувајќи дополнителни 25 милиони фунти за полиција и заштита на синагоги, училишта и заеднички центри, при што вкупната сума оваа година ќе достигне 58 милиони фунти.

— реклама —

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека државата ќе ги употреби сите средства во борбата против антисемитизмот и за заштита на еврејската заедница.

Полицијата соопшти дека осомничениот за нападот претходно бил дел од програма за спречување на екстремизам, која подоцна била затворена.

— реклама —

Терористичкото ниво во Обединетото Кралство последен пат било на ова ниво во 2021 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Трамп ја блокираше поддршката за договорот за Чагос, Британија не даде зелено светло за напад врз Иран

Свет | пред 4 месеци

— реклама —
media-librarytaoe498noibs5irqa7o

Американски авиони слетаа во Обединетото Кралство пред можен напад врз Иран

Свет | пред 4 месеци

loson-mickoski

(Видео) Во овој договор не станува збор за прифаќање мигранти, туку соработка за справување со криминални групи, вели британскиот амбасадор

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања