Терористите од Диво насеље ќе бидат префрлени на Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
divo-naselje

Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

— реклама —

13 затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово.

— реклама —

Ова го пренесува косовска Коха, повикувајќи се на Радио Слободна Европа. Министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа кажал дека се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово.

— реклама —

„Кумановската група“ упадна од Косово на 9 и 10 мај 2015 година и во кумановското „Диво насеље“ уби 8 припадници на специјалните полициски единици. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, а останатите на долгогодишни затворски казни.

Тие се пожалиле дека во „Идризово“ биле жртви на физичка и психичка тортура и затоа бараат затворските казни да ги издржуваат на Косово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања