Тешка сообраќајка меѓу четири возила во Тетово, има повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
soobrakajka-696x463-312863

На 19.10.2021 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај „Требошки надвозник“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од с.Требош и товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(34) од Скопје, по што удриле во патничко возило „опел зафира“, паркирано од Ш.К.(49) од Тетово и товарно возило „пежо“,поради дефект паркирано од Е.К.(27) од Тетово, двете со тетовски регистарски.

— реклама —

На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник во товарното возило „пежо“, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања