Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Тешка сообраќајка во Аргентина: Најмалку 90 лица се повредени во судир на воз и локомотива

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-05-11-at-11.31.54

Најмалку 90 лица се повредени кога патнички воз се судрил со локомотива и празен вагон во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, соопштија денеска локалните власти.

— реклама —

Возот вчера се движел од Буенос Аирес кон северните предградија кога излетал од шините околу 10:30 часот на мост во населбата Палермо, соопштија безбедносните служби, пренесе АП. Во судирот оштетен е првиот вагон од патничкиот воз.

— реклама —

На местото на настанот им била укажана помош на десетици повредени, а 30 лица се префрлени во болници во тешка состојба, додека најмалку двајца биле пренесени со хеликоптер со траума на градниот кош и скршеници на коските.

Иако сè уште не е познато зошто празниот вагон бил на мостот, аргентинскиот железнички синдикат соопшти дека од железницата е украден неколку метри бакарен кабел што се користи за пренос на електрична енергија по пругата, што го оневозможува сигналниот систем наменет да спречи такви несреќи. Обвинителите соопштија дека започнале истрага.

— реклама —

Официјални лица од аргентинската железничка управа Тренес Аргентинос соопштија дека сообраќајот на популарната железничка линија е прекинат. Лидерите на синдикатот кои жестоко се спротивставија на економското штедење на либералниот претседател Хавиер Милеи, ја обвинија владата за неуспехот да инвестира во јавната инфраструктура.

— реклама —

Судирот доведе до зголемена контрола на безбедноста на железницата во Аргентина, каде што во серија железнички несреќи од 2012 до 2014 година загинаа повеќе од 50, а беа повредени стотици луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dolari_2_337166270

Странците ќе можат да добијат аргентинско државјанство со инвестиција од 350.000 долари

Свет | пред 4 седмици

— реклама —
Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

Се урна противпожарен хеликоптер во Аргентина, загинаа седум лица

Свет | пред 3 месеци

media-libraryj8bgnq5k8pn26U3WMa4

(Видео) Аргентина ги пречека своите фудбалери, но Меси не беше меѓу нив

Вирално | пред 3 месеци

media-libraryo7ma4sl20sekermlSc4

Олмо по хаосот во финалето: Освен Меси, сите како да чекаа причина за тепачка

Спорт | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања