Промени тема
Контакт

Тешки зборови од СДСМ за опозицијата и пофалби кон себеси за минималната плата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
k15

„Исполнивме уште едно ветување пред граѓаните, минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

„Мартовската плата на 80.000 граѓани ќе изнесува 18.000 денари, или 45 евра повеќе за секој работник.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците едвај добиваа 8.900 денари минимална плата, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ја држеше замрзната, и до денес се противи на раст на минималната плата.

— реклама —

Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила.

— реклама —

Чисто лицемерие е тврдењето на Мицкоски дека ја поддржува минималната плата. Освен неговите економисти кои јавно се противат на покачувањето на минималната плата, Трајко Славески и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партија против работниците, во изминатите четири години ги блокираше сите закони кои беа во интерес на покачување на платите на граѓаните.

— реклама —

За разлика од нив, СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ продолжува да ги штити работниците и да ги поддржува компаниите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања