Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Tesla повлекува повеќе од 20.000 возила поради проблем со предните светла

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-library6sl1be4rrj9dem12lPh
Photo by Tesla Fans Schweiz on Unsplash

Tesla повлече одредени примероци од Model 3 и Model Y во САД поради проблем со предните светла, чиј интензитет ги надминува дозволените граници. Пресилните кратки светла можат да ги заслепат возачите од спротивната насока и да ја намалат видливоста, со што се зголемува ризикот од сообраќајна незгода.

— реклама —

Повлекувањето опфаќа 1.614 примероци на Model 3, произведени од јули 2017 до декември 2023 година, како и 18.735 возила Model Y, произведени од февруари 2020 до декември 2023 година.

Проблемот е поврзан со предните светла произведени од компанијата Marelli Automotive Lighting. Од Tesla објаснуваат дека интензитетот на светлото во надворешните горни агли ги надминува дозволените вредности.

— реклама —

Tesla за потенцијалниот проблем дознала во јануари 2024 година, неколку месеци откако канадската регулаторна агенција Transport Canada утврдила дека кратките светла на Model 3 од 2019 година не ги исполнуваат локалните стандарди.

— реклама —

Компанијата првиот повик за повлекување поради овој проблем го објавила во март 2024 година, а потоа побарала исклучок од американската агенција NHTSA. Tesla сметала дека недостатокот нема значително влијание врз безбедноста, но барањето било одбиено пред околу три недели.

Поголемиот дел од возилата опфатени со најновото повлекување биле дел и од првичниот повик од 2024 година. Списокот подоцна бил проширен за уште 432 автомобили, откако било утврдено дека неусогласените светла биле вградувани во сервисите подолг период од првично проценетиот.

— реклама —

Tesla сè уште работи на решение за проблемот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ilon-mask

Маск подготвува технолошки гигант вреден 3,5 билиони долари: Тесла и СпејсИкс размислуваат за спојување

Технологија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryt41n69sr7mdef29byum

(Видео) Лета во воздух и изведува акробации: Новиот Tesla Roadster ги поместува границите

Свет | пред 2 седмици

media-librarycmlutqdqg6mm6FXOpvv

Tesla почнува проверки во Кина пред масовното производство на роботот Optimus

Технологија | пред 1 месец

media-librarycvn2i0akpcor7uQqOeq

(Видео) Тесла се спушта по највисокиот пат во Словенија, FSD совлада неверојатно тесен дел

Технологија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања