СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Л.(37) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 14.02.2020 полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во дом и помошни простории кај пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле воздушна пушка, куршуми, запалка за рачна бомба, марихуана и дигитална вага со остатоци од тетрахидроканабинол, кофеин и лидокаин.