„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Тетовец пијан доаѓал дома, ја тепал ќерка си и ѝ се заканувал дека ќе ја убие мајка ѝ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dete

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен жител на Брвеница за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1“ и „загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик“, а судија на претходна постапка му определи притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Како што информира ЈО, на 2 август, во семејната куќа во Брвеница, со грубо запоставување на своите должности за грижа и воспитување, осомничениот ја малтретирал својата малолетна ќерка родена 2011 година и ја загрозил сигурноста на својата сопруга и на својот татко, заканувајќи се дека ќе нападне врз нивниот живот.

-Во вечерните часови тој пристигнал во домот во алкохолизирана состојба и иако со решение на Основниот суд Тетово му биле изречени повеќе забрани да ги вознемирува домашните и да врши семејно насилство, тој најпрвин започнал да ѝ се заканува на сопругата дека ќе ја убие. Девојчето побарало од осомничениот да не ја вознемирува мајката. Тогаш тој грубо ја фатил ќерката за десната рака, ѝ ги свиткал прстите и почнал да ѝ удира шлаканици, нанесувајќи ѝ физички повреди, болка и страдање. Мајката се обидела да ја одбрани ќерката, но тој ја удрил со тупаница. Во собата влегол таткото на осомничениот, кој побарал од синот да не прави проблеми. Во тој момент, осомничениот од џебот извадил два скалпела, го фатил за коса својот татко и ставајќи му го скалпелот на вратот, му се заканил дека ќе го убие. Потоа го пуштил, а со скалпелите продолжил да им се заканува на домашните со зборовите: „Вечерва ќе има крв“, прецизира ЈО.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, а судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања