Промени тема
Контакт

Тевдовски бара бесплатен влез за натпреварот: „Не смее Македонија да игра на Градски како гостин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library1vojb3qsi5477VeDSaP

Професорот и поранешен министер за финансии Драган Тевдовски со објава на социјалните мрежи побара од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да овозможи бесплатен влез на вечерашниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација.

Тевдовски реагираше на цената на билетите, посочувајќи дека тие чинат 1.800 денари, а според него, посетеноста на досегашните натпревари не е на очекуваното ниво.

— реклама —

„ФФМ отворете ги вратите и дозволете бесплатен влез вечер. Не може да има карти од 1.800 денари, а во 6 натпревари 5 шута на гол“, напиша Тевдовски.

Тој посочи дека во Скопје има голем број шкотски навивачи и порача дека македонската репрезентација не треба да игра на домашен терен во атмосфера како да е гостин.

— реклама —
— реклама —

„Не смее македонската репрезентација да игра на Градски во атмосфера како на гости“, наведува Тевдовски.

— реклама —

Тој ги спомена и македонските репрезентативци Елиф Елмас, Енис Барди и останатите фудбалери, повикувајќи ги навивачите да дојдат на стадионот и да им дадат поддршка.

Тевдовски во објавата побара и организирано присуство на навивачките групи, со порака дека гостинските навивачи не треба да бидат поорганизирани од домашните кога македонската репрезентација игра пред својата публика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања