Промени тема
Контакт

Техеран му одговори на Макрон: Не ја комплицирајте дополнително ситуацијата во Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library8ud7rds13skn3MIu41z
фото: unsplash

Иран денеска соопшти дека единствено Техеран ќе биде задолжен за отстранување на мините од Ормускиот теснец, повикувајќи се на Меморандумот за разбирање постигнат меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во Исламабад.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, преку платформата Икс му одговори на францускиот претседател Емануел Макрон, предупредувајќи дека ситуацијата во регионот е „чувствителна и сложена“.

„Силно ја советуваме Франција дополнително да не ја комплицира ситуацијата со своите провокации“, напиша Гарибабади.

— реклама —

Реакцијата на Техеран следува откако Макрон соопшти дека Франција и Оман соработуваат на намалување на тензиите на Блискиот Исток и дека, заедно со партнерите, ќе работат на отстранување на мините од Ормускиот теснец.

По средбата во Париз, францускиот претседател и султанот на Оман, Хајтам бин Тарек, во заедничко соопштение истакнаа дека се согласиле да спроведат заеднички операции за деминирање и ја потврдија својата посветеност на слободната пловидба низ Ормускиот теснец.

„Двајцата шефови на држави ја нагласија важноста од повторното отворање на Ормускиот теснец и ја потврдија својата заложба за слободна пловидба, без услови и ограничувања, во согласност со меѓународното поморско право“, се наведува во соопштението.

— реклама —

Ормускиот теснец е еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и гас, а секое нарушување на пловидбата во овој регион има значително влијание врз глобалните енергетски пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања