Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Техеран објави затворање на Ормускиот теснец, Вашингтон вели – пловидбата продолжува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Иранските власти повторно соопштија дека Ормускиот теснец е целосно затворен за пловидба, додека американската страна остро ги демантираше таквите тврдења, оценувајќи дека поморскиот сообраќај во реалноста продолжува да се одвива.

Новоформираната Управа за теснеците на Персискиот Залив (PGSA), тело што Техеран го формираше со цел регулирање на пловидбата низ овој стратешки важен морски премин, соопшти дека теснецот ќе остане затворен „до понатамошно“.

— реклама —

„Со оглед на тензиите предизвикани од американските агресорски сили и последните соопштенија на иранските вооружени сили, Ормускиот теснец ќе биде затворен до ново известување“, објави агенцијата, повикувајќи ги бродските компании да ги следат понатамошните инструкции.

— реклама —

Од друга страна, американската војска соопшти дека информациите за целосна блокада се неточни и дека теснецот останува отворен за пловидба.

Ормускиот теснец, низ кој во мирнодопски услови поминува околу една петтина од светските испораки на нафта и природен гас, во последните месеци се претвори во една од најчувствителните точки на конфликтот меѓу САД и Иран.

— реклама —

Техеран ја обвинува администрацијата во Вашингтон за ескалацијата на кризата, додека САД тврдат дека преземаат мерки за обезбедување слободна пловидба и заштита на меѓународните трговски рути.

Спротивставените информации околу состојбата во Ормускиот теснец дополнително ја зголемуваат неизвесноста на глобалните енергетски пазари и стравувањата од нови потреси врз светската економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Војната со Иран и високите цени му создаваат проблеми на Трамп – 78 отсто од Американците ја обвинуваат неговата политика

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryp8gvnvknpje55ZeD7Sc

„Се инфилтрирале во умовите на студентите“ – американскиот министер со обвинувања кон Кина

Свет | пред 17 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го критикува укинувањето на коњските кочии во Централ парк

Свет | пред 1 ден

media-librarycjqr0d1rgi30dhW21rY

Полицаец пронашол мртов човек, му го украл идентитетот и се вселил во неговата куќа - морбиден случај во Флорида

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања