Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„Тие 30 дена беа најтешки од мојата кариера“, Чибишев за трагедијата во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Коментари
media-libraryh7ib73n6s4e08qs3GTj

По повод годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, на социјалните мрежи се огласи докторот Андон Чибишев кој изрази благодарност кон целиот медицински персонал и институциите кои помогнале, а истовремено упати сочувство до семејствата на загинатите.

— реклама —

„Денес се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која згаснаа многу млади животи а голем број присутни таму таа вечер беа повредени.

Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера. На Универзитетската клиника за токсикологија беа хоспитализирани дваесетина тешки пациенти заради акутно труење со отровни гасови а во периодот кој следеше поминаа и голем број на пациенти кои таа вечер биле присутни во дискотеката.

Со крајно професионална, стручна и посветена работа и грижа целокупниот персонал на Клинката успеа да ги стабилизира овие млади пациенти и тие сите денес се со своите семејства.

Упатувам искрена благодарност до целокупниот персонал на Универзитетската Клиника за токсикологија и сите сродни клиники и институции кои во тој тежок период ни даваа логистика и несебична помош во справување со оваа трагична ситуација.

Бог да ги прости сите кои ги изгубија животите.

Господ да им даде сила на сите кои изгубија блиски во несреќата да продолжат понатаму.

Никогаш повеќе да не се повтори“, вели Чибишев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања