Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Тие испраќаат проектили кои можат да ја погодат Москва“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
rusija-raketa

Унгарскиот премиер Виктор Орбан не исклучува за два-три месеци западната армија да биде во Украина, со оглед на тоа што претходниот период од развојот на конфликтот покажа дека она што првично беше неверојатно по некое време станува реалност.

— реклама —

„Најзагрижувачко е што она што беше невозможно да се замисли пред два-три месеци, по два-три месеци станува секојдневен настан. Се сеќавам кога Германците рекоа дека не се подготвени да испратат смртоносно оружје во Украина, но ние ќе испратиме подобра опрема и шлемови. А сега зборуваат за фактот дека Германија треба да и предаде на Украина такви ракетни системи што можат да ја погодат Москва или, во најмала рака, далеку во длабочините на Русија“, изјави Орбан за радио „Кошут“.

— реклама —

Претходно директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин изјави дека Франција веќе подготвува воен контингент кој ќе биде испратен во Украина и дека во првата фаза ќе брои 2.000 војници. Министерството за вооружени сили на Франција ја демантираше информацијата на социјалната мрежа „Х“.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, на својот канал Телеграм иронично го коментираше демантот на француското Министерство за присуство на француски војници во Украина, прашувајќи дали француските власти уште еднаш се откажале од сопствените граѓани.

— реклама —

На крајот на февруари, Макрон, по конференцијата за поддршка на Киев, изјави дека лидерите на западните земји ја разгледувале можноста за испраќање војска во Украина, но дека нема договор за ова прашање и дека ништо не е исклучено во зависност од за развојот на ситуацијата.

— реклама —

После тоа, министерот за одбрана Себастијан Лекорно изјави дека не може да стане збор за испраќање војници со цел учество во конфликтите во Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 1 ден

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 1 ден

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања