„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Тие што не сакаа размена на територии, денеска се селат од Чаир, вели Љубчо Георгиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20201116120925

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дневникот на „Сител“ коментирајќи ја 30-годишнината од независноста на земјата, како едно од најголемите премрежја на државата го спомена конфликтот во 2001.

— реклама —

Идејата за размена на територии и население со Албанија не била само негова, вели тој, туку била иницирана и од академците од МАНУ, кои потоа повеќето од нив се повлекле. Целта била да не се влегува во војна со илјадници жртви, бидејќи индиците беа дека меѓународниот фактор повеќе им помага, како што вели тој, на терористите отколку на државата.

„Чудни се луѓето кои порано не сакаа размена на територии со Албанија а денеска се селат од Чаир во другиот дел на Скопје и им пречи кога во нивната зграда ќе се всели албанско семејство, вели претседателот на ВМРО-НП во интервјуто.

— реклама —

Самата година 30 години независност е историја, иако имаше многу бурни денови. Тоа е историја која дава гаранција дека Македонија успеа, заклучува тој.

„Создавањето на Македонија беше врв на еден распад на поранешна Југославија, која се распаѓаше секој ден. Во земјата немаше којзнае каква желба за независност и самостојност, мнозинството беше про-југословенски настроено, туку сплетот на околностите ја тераа да стане независна, следејќи ги другите примери.

Имаше страв дека југословенската армија ќе направи пуч и ќе спроведе диктатура. За среќа тоа не се случи, Македонија не беше во приоритетите на Милошевиќ, а во земјата немаше големо српско малцинство“, заклучи Георгиевски.

Георгиевски додаде дека Македонија сега ќе имаше датум за преговори со ЕУ доколку успеале неговите иницијативи за добрососедство со Бугарија во времето кога тој беше премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања