Сите ни викате- блазе си ви си работите со животни, супер ви е. Ама мислам дека после сите случки од луѓе што ги видовте деновиве, сфаќате дека сме со една нога во Бардовци веќе. И во Зоо и во Дино парк овој и изминатиот викенд комплет сите се збудалевме, пробувајќи барем малку да ги едуцираме посетителите. Но, за жал резултатите ги видовте... Само комунална полиција е спас .
На моите колеги, вклучувајќи го целиот персонал на терен и директорот би им дала орден за храброст и издржливост после се што поминавме, напиша на својот ФБ профил Тина Мицковска од Скопската зоолошка градина.