Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ТИРЗ прогласен за лидер во регионот од Capital Finance international

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
CFI-nagrada-

​​Технолошко индустриските развојни зони се наградени за најдобри слободни економски зони – Лидер на Балканот за 2021 година. Наградата ја доделува британскиот магазин и портал CFI.co (Capital Finance International), со седиште во Лондон, кој е специјализиран за економски анализи и коментари за финансиските пазари низ целиот свет.

Во одлуката на судискиот панел се нагласува дека ТИРЗ не е „само развојна институција, туку пример за ефикасен деловен концепт предводен од професионалци“. Меѓу другото се истакнува дека економските политики на Владата и новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ придонеле Северна Македонија да биде препознаена како нов деловен рај за Европа. Судискиот панел на CFI.co ја нотира позитивната бизнис клима во земјата и ја препознава улогата и придонесот на ТИРЗ, за што и се доделува наградата. Како клучни фактори за одлуката се наведени новиот концепт на ТИРЗ кој меѓу другото вклучува индивидуализирани пакети базирани на анализа на 10 годишни финансиски проекции и новиот систем за грижа на корисници кој е усогласен со меѓународните практики.

— реклама —

Програмата за награда на CFI.co секоја година идентификува поединци, компании и организации кои се пример за добра пракса и со својата работа креираат додадена вредност. Наградата се доделува поради супериорни перформанси, извонредност и иновативен пристап во работењето. Првичните номинации на компании, организации и институции се независни од нивните претплатници, медиуми и различни организации, како што се групата на Светска банка, разни тела на ОН и ЕУ и други истакнати организации со кои изданието е партнер. Специјален аналитички тим водејќи се според неколку главни критериуми истражува, анализира и прави листа на потесен избор која му се доставува на судискиот панел составен од меѓународни експерти кој ја носи конечната одлука.

— реклама —

Инаку како резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ и Владата, од почетокот на годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании во државата меѓу другото треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка. Во моментов се преговара со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања