Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Димовски: ТИРЗ со раст на уплатите во буџетот и зголемување на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library5vothvjjonff8h9KJwV

Компаниите во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) бележат стабилен раст и во уплатите кон државниот буџет и во делот на платите на вработените, изјави директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски.

— реклама —

Според податоците, во 2024 година компаниите во зоните уплатиле околу 5,7 милијарди денари во буџетот, додека државната поддршка изнесувала околу 2 милијарди денари. Во 2025 година уплатите пораснале и надминале 6,3 милијарди денари, а државната помош се намалила на околу 1 милијарда денари.

— реклама —

Димовски истакна дека засега нема индиции за повлекување на компании од зоните, иако во одредени случаи се јавува обврска за враќање на државна помош доколку не се испочитуваат договорните услови.

— реклама —

Во однос на платите, тој посочи дека во 2025 година има зголемување од околу 6 проценти на нето платите во споредба со претходната година, додека бројот на вработени останува стабилен на околу 18.000 лица.

— реклама —

Од Дирекцијата очекуваат позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со најави за нови инвестиции, отворање нови работни места и понатамошен раст на платите во зоните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

J4A3115

Јован Деспотовски осомничен дека како директор на ТИРЗ направил злоупотреби - објавени детали

Македонија | пред 1 година

— реклама —
IMG_5106

Директорот на ТИРЗ Димовски во официјална посета на Текнопанел

Македонија | пред 1 година

J4A3115

Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања