Промени тема
Контакт

тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Инфлацијата ги јаде платите, тоа што лани можело да се купи за 18.000, сега треба со 19.200 денари.

Стапката на инфлација која ДЗР ја објави дека изнесува 6.7% сериозно ги нагризува платите. Секој работник во Македонија има по минимум 1.000 денари помалку како резултат на инфлацијата сега, во однос на пред една година.

— реклама —

Заради инфлацијата, 18.000 денари плата денес, е како 16.800 денари плата лани, вели опозицијата.

"Таргет на инфлацијата се сите подеднакво, и помалите и повисоките примања. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор, а СДСМ одби.

— реклама —

Приказните на СДСМ за повисоки плати се лаги, и таканаречената минимална плата е речиси нагризана од инфлацијата, и се што имаме е само порамнување, а не покачување.

— реклама —

Потребни се итни и суштински мерки. СДСМ покажа дека не може да ги спроведе", се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања