Точката за гласање на штетниот ДУП З 09 во Карпош тргната од дневен ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
272957936_2044143499116097_8116906131210917271_n

Советникот од Левица во Општина Карпош, Мартин Димоски, преку социјалните мрежи информираше дека точката за гласање на штетниот детален урбанистички план З 09 е тргната од дневен ред.

— реклама —

„Точката за гласање на штетниот детален урбанистички план З 09 ја тргнавме од дневен ред. Една битка добиена. Војната против урбаната мафија и бетонизацијата продолжува“, стои во објавата.

— реклама —

Претходно Левица објави дека е против урбанистичкиот план 3 09 и повика да се гласа против или за симнување на точката од дневен ред.

— реклама —

„На утрешната, четврта седница на Советот на Општина Карпош, прва точка на дневниот ред е предлог одлуката за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул.Митрополит Тедосије Гологанов и бул. 8-ми Септември), Општина Карпош – Скопје.

Урбанистичкиот план предвидува помеѓу зградите кои се наоѓаат меѓу улицата Каирска и булеварот Партизански одреди, на зеленилото да се изградат паркинзи, а исто така предвидени се и повеќе станбени згради. Сето ова е спротивно на интересите и потребите на жителите.

Истиот овој ДУП кој претходно падна на Уставен суд, нема никакви суштински разлики од претходно што доведува до заклучок дека само со политичка волја и јасна визија може да се спречуваат штетни ДУП-ови, но и да се планираат нови кои ќе овозможат хуман развој, во целосен интерес на карпошани.

Оттука ги повикувама советниците од останатите политички партии да гласаат против овој детален урбанистички план или за симнување на точката од дневен ред“, објавија од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања