Томовски: Не запира дивеењето на насилникот Усеини, го штитат Јавното обвинителство и полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tomovski

Не запира дивеењето на насилникот Нефи Усеини. Најомилениот градежник на власта вчера нападнал човек, му се заканувал дека ќе го убие и го влечел по земја.

— реклама —

Усеини според сведоштвата на жртвата за медиумите, крадел вода од него, тој на диво се приклучил на водоводната мрежа на жртвата, а кога тој повикал екипи од „Водовод“ бил нападнат од Усеини, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Според зборовите на жртвата, Усеини му се заканувал со зборовите: - „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам. За насилниот настан постојат и фотографии кои ги објавија медиумите, а и сведоштва на присутните“.

— реклама —

И по ваквото сведоштво и по пишувањето на медиумите, Нефи Усеини е се уште е на слобода. Јавното обвинителство, а и полицијата го штитат.

Усеини е оставен да дивее низ Охрид и да ги плаши граѓаните. Ова не е првпат Усеини да нападне човек и да ја загрозува безбедноста на граѓаните. Ова е трет напад на Усеини во рок од четири месеци, претходно тој нападна и инспектор од општина Охрид, па и советник од Советот.

До кога власта ќе го толерира Усеини? Дали е потребно Усеини да убие човек за власта да реагира?

Апелираме МВР и ЈО веднаш да постапат согласно закон и да отпочнат соодветна постапка против Усеини, а не само да го повикуваат на информативни разговори. Потребни се конкретни мерки и чекори за сузбивање на насилието и дивеењето на Усеини кој години наназад ги заплашува граѓаните и е оставен од Заев да прави што сака.

За сето насилие, за криминалот и корупцијата на оваа власт на чело со Зоран Заев потребно е итно распуштање на Парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.

U3hr6UzNkLo

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања