Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тоневски: Населба за млади, бесплатен канцелариски простор за млади кои сакаат да отворат приватен бизнис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryqhk5l7rp3nlp0jaONnT

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за општина Пробиштип, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата Директно на Телма телевизија, при што го соопшти неговиот мотив за повторната кандидатура за градоначалник на општина Пробиштип, а тоа е што во изминатите 8 години општината, како што кажа тој тоне во апатија и безидејност, а евидентно е и отсуството на идеа, план, визија и конкретна реализација на проекти.

— реклама —

Тоневски истакна дека во текот на неговиот мандат, главен приоритет ќе биде економскиот развој на општина Пробиштип преку отворање на нови индустриски зони, создавање на услови за отворање на нови мали и средни претпријатија како и изготвување на водич за инвеститори и истовремено ја стимулира и важноста од измената на генералниот урбанистички план како и донесувањето на нови детални урбанистички планови.

„Мојот главен приоритет во мојот мандат ќе биде економскиот развој на Пробиштип, задржување на младите, да останат да живеат во Пробиштип. Токму во таа насока, најважно од се е да се направи, почетно измена на генералниот урбанистички план, донесување на нови детални урбанистички планови, отворање на индустриски зони пред се за лесна и незагадувачка индустрија со што ќе го зголемиме интересот, ќе направиме и водич за инвеститори, ќе им подадеме рака на сите коишто сакаат да инвестираат. Моја цел ќе биде да овозможиме отворање на нови помали претпријатија, мали и средни претпријатија, за што во моментот нема ниту една слободна парцела, ниту една индустриска зона“ рече Тоневски.

— реклама —

Тоневски додаде дека неговиот фокус во текот на неговиот мандат ќе биде и задржувањето на младите во општината, најнапред преку мерката за субвенционирање на млади брачни парови до 35 години, за купување на парцели за изградба на куќи, како и бесплатно користење на општински простории за млади кои сакаат да отворат приватен бизнис.

— реклама —

„Ќе направам населба за млади, каде што ќе им понудам да купат сопствена земја по 1 евро од квадрат, да се ослободат од комуналии плаќање, да направам комплетна инфраструктура во таа населба, да им обезбедам бесплатен канцелариски простор на сите млади коишто сакаат да отворат приватен бизнис, општински простории и нормално да се инвестира во спортот, во културата, да се направат фестивали“.

— реклама —

Тоневски заклучи дека неговото водство во првиот круг се должи на различните концепти, а граѓаните точно ја гледаат разликата и визијата и е сигурен во убедлива победа во недела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoc5ii0bd9b197ENgkl1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта банка ги демаскираа лагите, затоа сега се кријат и бегаат од одговори

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryr8mnjqaftah45u31VNb

Јованчев: Определбата на власта е да ја зачува финансиската стабилност и постепено да ја намали потребата од нови задолжувања

Македонија | пред 1 ден

media-library8c4k32nu0mnp08p35CV

„Никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за насилството врз младата девојка од Охрид

Македонија | пред 1 ден

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања