Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Тони Михајловски е годинешен лауреат на МТФ „Св. Јоаким Осоговски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9j1b9fjpsn9l7Lliu9B
Facebook/Toni Mihajlovski

Тони Михајловски е годинешниот лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“, соопшти Општина Крива Паланка. Признанието му се доделува како оддавање почит за неговото повеќедецениско творештво и придонес кон македонската театарска, филмска и телевизиска сцена.

— реклама —

Михајловски повеќе од три децении е присутен во македонскиот културен простор, со бројни театарски улоги, филмски остварувања и актерски признанија. Неговиот актерски опус го одбележуваат силен сценски израз и препознатлив актерски печат.

— реклама —

Меѓу остварувањата во кои настапува се „Џипси меџик“, „Буре барут“, „Збогум на 20-тиот век“, „Балканкан“, „Панкот не е мртов“, „Парада“, „Трето полувреме“ и „До балчак“.

— реклама —

Неговиот придонес кон македонската театарска уметност е признат и со наградата за животно дело „Петре Прличко“.

Од Општина Крива Паланка посочуваат дека годинашниот фестивалски аплауз ќе биде посветен на Михајловски, чијшто ангажман оставил значаен белег во македонската култура.

МТФ „Св. Јоаким Осоговски“ и годинава ќе го донесе театарот пред публиката во Крива Паланка, а во центарот на фестивалското внимание ќе биде годинешниот лауреат Тони Михајловски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4ogsr9hph6s28PQZ85L

(Видео) Тони Михајловски: Драго ми е што мојот труд е препознаен, а најголема чест ми е што сум меѓу актерите од кои сум учел

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
Screenshot-2025-07-18-at-10.29.55

Тони Михајловски стана професор по актерска игра

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryo44ujtgbd7ve3AyNWBR

„Во нив видов нов и храбар театар“: младите актери од студиото на Михајловски во четиричасовна изведба на лектирен маратон во МНТ

Сцена | пред 4 месеци

media-libraryn9n56a516j2rbrfF6m2

(Видео) МНТ со награда во Србија: Тони Михајловски награден за „Народен пратеник“

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања