Промени тема
Контакт

Тони Михајловски ќе допира до секој човек: Ќе понудиме решенија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
toni27092021

„Денеска започнува кампањата за локални избори 2021, во оваа кампања им посакуваме среќа на сите учесници и им порачуваме дека треба да ги задржиме и угледот и честа и на себеси и на нашите противници, без навреди, без омаловажувања, туку со конкретни решенија да им понудиме подобра иднина на граѓаните“, вели Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово.

„Ние во Куманово, ќе влеземе со добра програма, ќе дојдеме во секое населено место и ќе допреме до секој човек, ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово.

— реклама —

Се надевам дека во оваа кампања ќе го изберете она што е подобро за нас, подобро за вас, подобро за вашите деца.

Слушајте ги сите гласови овие денови, но најмногу слушајте го вашиот глас и знајте дека народот е среќен тогаш кога многу му се нуди, а малку му се бара.

— реклама —

Ние сме бројот 7 и тој број се надевам дека ќе донесе среќа за Куманово и за граѓаните на Куманово.

— реклама —

На 17-ти, драги мои заокружете го бројот 7 и верувајте оваа урнатина за нас ќе стане минато и првиот проект кој што ќе го направиме во Куманово ќе биде реновирање на Пионерскиот дом во Куманово и ставање на едно големо име како негов наслов, а тоа е Дом за креативни деца и младинци „Живко Пешевски“ во Куманово. Со среќа на сите“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања