Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Топ 10 државни тендери! Кој ги доби големите тендери за обезбедување,реконструкции,лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20210928073847

Тендерот број еден за овој месец го доби НИКОБ како единствен понудувач на СОЗР за период од 3 години. Државната Пошта за одржување хигиена ќе плаќа две години по 360.000 евра годишно, а Министерството за одбрана во градежна офанзива за реновирање во касарна „Илинден“ ќе плати 1,3 милиони евра

Највредните десет договори за тендери, од крај на август до крја на септември) кои ги склучиле државни институции отворија работа (набавка на стоки и услуги) на фирми во вкупна вредност од 5,9 милиони евра.

— реклама —

Највреден во овој период е тендерот за физичко обезбедување на објекти на државната управа. Го доби скопски НИКОБ за вредност од 3,2 милиони евра за период од 3 години. На овој тендер што го распиша Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) имало само една понуда.

— реклама —

Втор според вредноста договор, за овој период, склучи Државната видеолотарија фирма која нуди палета услужни дејности со високо ниво на технолошка подготвеност. Станува збор за договор за телекомуникациски услуги за поврзување продажни места вреден 1,15 милиони евра.

— реклама —

Државната Пошта за одржување хигиена за две години на Техночист ќе му плати 722.000 евра.

Министерството за одбрана е во градежна офанзива! Фирмата МГИ Инвест ЛТД доби два тендери за реновирање објекти во касарната „Илинден“. За оваа услуга ресорот што го води Шеќеринска ќе плати над 1,3 милиони евра.

Градоначалникот Шилегов за надзор врз градба на повеќе локации низ Скопје на друштвото ЕОС ЕЕ ќе плати 576.000 евра, а за реконструкции на еден булевар ќе плати уште 522.000 евра. Добитник на овој тендер е ТОП Билд ДООЕЛ од Скопје.

И три тендери за лекови се во првите десет според вредноста склучени во овој месец. Станува збор за еден тендер за набавка на лекови за потреби на клиниките за гастроентерохепатологија и два тендери за клиниката за неврологија. Трите се со вредности нешто над половина милион евра, а заедно вредат над 1,5 милиони евра. Добитници се: „Алкалоид Конс“, „Варус“ и „Еуро Фарм“ Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања