Промени тема
Контакт

Топлинска енергија ќе биде испорачувана до крајот на грејната сезона, уверува Битиќи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51527416614_4f8708b3db_c

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во „Утрински брифинг“ за проблемот со снабдувањето на Скопје со парно греење нагласи дека топлинска енергија ќе биде испорачувна до крајот на грејната сезона.

Владата помага со креирање на нова кредитна линија, но не може да се прават исклучоци за приватна компанија од целиот систем, тие треба да ги обезбедат сите гаранции, а ако не можат владата има на располагање други мерки кои по закон може да ги преземе, истакна Битиќи.

— реклама —
— реклама —

Тој додаде дека Владата е тука да осигура јавни услуги за секој граѓанин кои треба да се испорачаат, без разлика дали се од централно или локално ниво.

— реклама —

Во врска со енергетската криза, Битиќи нагласи дека како никогаш досега се обезбедува електрична енергија од домашни ресурси, ставени се на располагање сите капацитети, по прв пат е вклучено ТЕЦ Неготино со 2 котли, ТЕЦ Осломеј, Когел, а деновиве ќе биде пуштен и третиот блок на РЕК Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања