Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Топлотниот бран заврши со силно невреме и поплави во Централна Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryf2hpfu66bj759GnL39E
unsplash

Силно невреме ја зафати Централна Европа, носејќи поројни дождови, град, силен ветер, поплави и големи проблеми во сообраќајот во Словенија, Австрија и јужните делови на Германија.

— реклама —

Во Словенија е прогласено портокалово предупредување за целата земја, а локално веќе е регистриран град во повеќе населени места. Метеоролозите предупредуваат дека во текот на денот и ноќта се очекуваат нови силни бури, проследени со обилни врнежи, грмежи и силни налети на ветер.

— реклама —

Во Австрија, за делови од земјата е издадено највисоко ниво на предупредување поради опасност од интензивни врнежи, град и силни ветрови. Невремето стави крај на топлотниот бран што ја зафати земјата во изминатите денови.

Обилните дождови предизвикаа стотици интервенции и во германската покраина Баварија. Поплавени се подруми и улици, урнати се дрвја, а привремено беа нарушени авионскиот и железничкиот сообраќај. Над Боденското Езеро беше забележана и водена пијавица.

— реклама —

Невремето однесе и човечки животи. Во Австрија загина 26-годишен возач на квад врз кого паднала гранка, додека во Романија едно лице беше пронајдено мртво во автомобил врз кој паднало дрво.

— реклама —

Метеоролошките служби предупредуваат дека во делови од регионот и во наредните часови се можни нови локални невремиња, проследени со силен дожд, град и ветер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Европа бара работници, но квалификуван кадар нема: Во Германија едно место се пополнува за речиси осум месеци

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 2 седмици

market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 2 седмици

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања