Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Торнто експрес“ е урнебесна комедија на Sоф, раскажува за една сурова реалност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
264804295_4843003282400061_2098331654050090453_n

Со кратка сцена која ја играше актерот Александар Микиќ, денес во МНТ беше најавена премиерата на „Торонто експрес“. Урнебесна комедија чија премиера е на 15 декември. Претставата е работена по збирката есеи „Тибам штркот“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф.

На дружбата со новинарите, денес Александар Микиќ одигра една сцена како вовед, па ги повика љубителите на театарот да дојдат и да ја погледнат „Торонто експрес“. Микиќ го глуми главниот лик, Божо Вампир. Режисер на комедијата е Јордан Симонов.

— реклама —

Авторот Зоран Спасов Ѕоф не го криеше воодушевувањето што претставата е готова и што наскоро ќе се одржи премиерата.

„Работевме напорно на претставата и уште не ми се верува дека дојдовме до премиерата. Но ова немаше да биде возможно без тројцата луѓе што ме поддржуваа од првиот момент, Јордан, Александар и Благоја Бошковски, кој работеше на адаптацијата на сценариото. Целата приказна што ќе ја видите во ‘Торонто експрес’ е вистинска и ми се случила на мене или на луѓе што ги познавам“, рече авторот Зоран Спасов Ѕоф.

— реклама —

Освен премиерата на претставата, тој ја најави и промоцијата на книгата „Тибам штркот- апдејт“ што ќе се одржи вечерва во книжарницата на „Литература“ во Ист Гејт од 20 часот.

„Книгата не е иста со претставата. Некои делови од оваа книга се вметнати во ‘Торонто експрес’, а во претставата има работи што ги нема во ниедна од книгите. Идејата е да може секој да ја прочита книгата и да ја гледа претставата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања