Адвoкатот Тортевски на Телевизија 24 со низа критики кон скандалозните грантови во илјадници евра кои излегоа во јавноста на Националната агенција кој ја води Лидија Димова, истакна дека три текстилни работници треба да работат по 33 години за да добијат 270 илајди евра колку што му е дадено на фризерскиот салон во проект за медиумска писменост.
-270 илјади евра за медиумска писменост на фирма која има само еден мал фризерски дуќан или берберница, тоа е адекватно на платата на една текстилна работничка за 100 години, значи три текстилни работнички толку ќе заработат за 33 години, критикуваше Тортевски.
Тој вели дека 83 илјади евра за проектот за „тренирање на хрватско магаре и коњ липицанец“, „липицанец“, а во проектот дури не знаат како се нарекува тој коњ, што зборува за една некреативност и не можноста да се смисли ниту еден наслов на проект што ќе личи на нешто за да добие финансиски средства.