Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Тошковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ: Соработката донесе конкретни резултати за македонската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 минута -

Македонија
media-library7q3crr1ro5ff4NPulbW

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил проштална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, кому му се заблагодарил за досегашната посветеност и соработката со македонските институции.

— реклама —

Тошковски преку објава на „Фејсбук“ истакна дека партнерството меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ донело конкретни резултати, меѓу кои изградбата и опремувањето на Мултимедијалниот центар за обука во Полициската академија, како и отворањето специјализирани простории за разговор со деца и жртви во Битола, Струмица и Тетово.

— реклама —
— реклама —

Во соработката биле опфатени и зајакнувањето на капацитетите за борба против нелегалната трговија и злоупотребата на оружје, воспоставувањето на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација, специјализираните обуки и превентивните кампањи, меѓу кои и „Животот нема рестарт“.

— реклама —

Според Тошковски, овие активности придонеле за подобри услови за работа, посовремена обука и поголема подготвеност на полициските службеници. Тој на амбасадорот Вал му посакал успех во идните професионални ангажмани и изразил уверување дека соработката со ОБСЕ ќе продолжи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg5q25568gl3i5aJL4Wu

„Македонија веќе презема значаен дел од одговорноста за европската безбедност, нашиот придонес треба да биде соодветно препознаен“, вели Тошковски

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryf0h6mlgeh60lc5OwXLE

Тошковски: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност

Македонија | пред 5 дена

media-library20vbrc2rd37h0ATzenc

По кражбите во европските музеи, Тошковски најави зајакнување на безбедноста на културното наследство

Македонија | пред 1 месец

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања