Промени тема
Контакт

Тошковски до Апасиев: Ти благодарам што истресе сè од тебе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryoeoui6blqnsteRoAeQK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја преживеа и третата интерпелација во изминатите две години, откако Собранието не ја поддржа иницијативата за негова политичка одговорност поднесена од Левица.

По неколкучасовна расправа, за смена на Тошковски гласаа 19 пратеници од опозицијата, што не беше доволно за интерпелацијата да биде изгласана.

Во текот на расправата, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, упати низа обвинувања кон министерот, посочувајќи дека МВР е политизирано и партизирано, дека има слабости во борбата против криминалот, како и дека постојат партиски влијанија во институцијата.

Апасиев го обвини Тошковски и за, како што рече, поставување на лица блиски до владејачката партија на одредени позиции во Министерството.

— реклама —

„Наместо да ги тргнете оние што не одговарале, вие ги ставате во општински изборни штабови на ВМРО-ДПМНЕ. До каде оди оваа перверзија“, рече Апасиев од собраниската говорница.

Тошковски возврати дека станува збор за политички мотивирани обвинувања и оцени дека опозицијата се служи со манипулации и невистини.

„Ви благодарам за сето она што го наклеветивте, излажавте и изманипулиравте. Ти благодарам, драг мој сограѓанину Димче Апасиев, за сите лични напади што ги направи. Македонските граѓани успеаја да видат каков лидер на дел од опозицијата имаме во оваа држава“, изјави Тошковски.

— реклама —

Во расправата се вклучија и пратеници од СДСМ, кои оценија дека Министерството за внатрешни работи не покажува доволна ефикасност во справувањето со криминалот.

Пратеничката Јована Тренчевска посочи дека има голем број нерасветлени убиства, како и зголемен број случаи на семејно насилство и фемициди.

— реклама —

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека состојбите во МВР се подобрени во однос на претходниот период, потсетувајќи на проблемите со издавањето пасоши во времето на претходната власт.

Иако интерпелациските седници можат да траат до полноќ, расправата заврши по околу пет часа, по што претседателот на Собранието Африм Гаши ја стави интерпелацијата на гласање. Со тоа, Тошковски останува на чело на Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 4 дена

media-librarycit17cp9b156blUaCjV

Тошковски ги осуди споредбите со „Див Запад“ по убиството во Чаир: „Еден од учесниците моментално издржува казна затвор

Македонија | пред 5 дена

media-library3npj1q4tu5qfckE8MyU

„Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговор“, вели Тошковски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања