Промени тема
Контакт

Тошковски ја преживеа и третата интерпелација во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryl4p330olrp9gbYgmsPL

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја преживеа и третата интерпелација поднесена против него во Собранието.

На седницата, која сè уште е во тек, 58 пратеници гласаа против неговата смена, додека 19 пратеници ја поддржаа интерпелацијата.

— реклама —

Интерпелацијата ја поднесе Левица, обвинувајќи го министерот за селективно постапување, непрофесионално работење и политичко влијание во Министерството за внатрешни работи. Тошковски ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека станува збор за политички мотивиран обид за попречување на борбата против криминалот и корупцијата.

— реклама —

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во своето обраќање оцени дека Тошковски, кој повеќе од две години раководи со Министерството за внатрешни работи, наместо да воспостави ред во институцијата, ја претворил во „фамилијарна тезга“, во која блиски лица и роднини добивале унапредувања и привилегии.

— реклама —

Апасиев го обвини министерот и за толерирање на корупцијата и криминалот во полициските редови, посочувајќи дека во изминатите години стотици полициски службеници биле предмет на кривични постапки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 4 дена

media-librarycit17cp9b156blUaCjV

Тошковски ги осуди споредбите со „Див Запад“ по убиството во Чаир: „Еден од учесниците моментално издржува казна затвор

Македонија | пред 5 дена

media-library3npj1q4tu5qfckE8MyU

„Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем – потребен е заеднички и координиран одговор“, вели Тошковски

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања