Тошковски тврди дека изјавата на Џафери е несериозна, а за пасош не се чека со јамболии и јоргани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Министерот Панче Тошковски изјави дека месечно се изработуваат од 75.000 до 80.000 пасоши, што е многу повеќе од претходниот месец.

— реклама —

,,Најдоцна до средината на мај ќе се исцрпат обрасците што ги имаме. Целта е во насока да обезбедиме дополнителна количина, да продолжи континуитет, да не ги заклучуваме машините и да не се повтори состојбата што ја начекав кога стапив на функцијата пред еден месец. Потоа ќе пристигне поголема пратка на обрасци во јуни“, рече Тошковски.

— реклама —

Министерот се пофали дека со реорганизација можело да се зголемат бројките и да има ред.

— реклама —

„Веќе не е хаотично со јамболии и со јоргани луѓето да чекаат пред полициските пунктови, туку си одат на закажани термини“, изјави министерот.

Тошковски рече дека е несериозна изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери дека не се потребни измените на Изборниот законик оти има време да се извадат личните документи.

,,Несериозно е особено имајќи предвид дека станува збор за потреба од утврдување согласно закон на можност со патните исправи со старото име до денот на изборите македонските граѓани да го остварат правото на гласање. Педесет дена ова што го говореше премиерот немаме заради тоа што на 18 март се затвора Избирачкиот список и до тој ден доколку не стапи во сила измена на законско решение на овие граѓани ќе им биде прекршено правото на глас,, изјави Тошковски.

Тошковски се надева дека пратениците од СДСМ и ДУИ ќе најдат заеднички јазик и ќе ја поддржат иницијативата на ВМРО - ДПМНЕ за усвојување на законските измени со коишто, како што рече, на над 100 илјади граѓани нема им се прекрши правото на глас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања