Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тошковски: Уапсени се четири лица за инцидентите со македонското знаме, на било какво сценарио за дестабилизација ќе одговориме жестоко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-29-122023

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција извести дека во текот на изминатата вечер биле уапсени осум лица, од кои четири во врска со инцидентите со македонското знаме.

— реклама —

„Четири од нив се уапсени заради тоа што сториле прекршок, учествувале во тепачка, а другите четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнение дека сториле кривично дело 319 од Кривичниот законик коешто се однесува на предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, каде што е предвидено минимална казна од една година затвор. За нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, рече Тошковски.

— реклама —

Едно од нив е малолетник, другите се млади лица од 18 до 21 година, додаде министерот Тошковски.

— реклама —

За истите по насока на Јавен обвинител, до доцна се работеше, тие се приведени и ќе бидат изведени по итна постапка пред лицето на правдата, а потоа Судот ќе одлучи во рамки на своите законски надлежности, објасни Тошковски.

Тој упати порака до сите кои се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на Македонија, „дека жестоко и сурово ќе одговориме на било какви обиди“.

„Полицијата е спремна, професионална да одговори на сите предизвици кои се претставени пред нив. Времето на крив е пајакот, крив е кабелот заврши. Имаат сите имиња и презимиња. Тука е разликата“, додаде Тошковски.

Тој побара сите што имаат било какви материјали да ги достават до полиција.

Министерот упати благодарност до полицијата и до граѓаните кои споделиле снимки на социјалните мрежи, „затоа што еден од кривично-правните настани ги расветливме токму поради тие снимки“.

Тој додаде дека работат на откривање и на голем број други лица коишто биле помагачи и вклучени во овој процес.

„Против секој еден за кој што ќе се обезбедат соодветни докази ќе се поднесе соодветна кривична пријава. Тука да не се сомневате. Полицијата одговори соодветно. Во текот на вчерашниот ден за среќа жртви немавме, за среќа немавме тешки телесни повреди. За среќа не се оствари посакуваното сценарио да ја инволвираат полицијата во одредени настани. Македонската полиција одговори професионално и зрело. Особено ќе одговори во текот на денешниот ден и во текот на наредните денови. Ќе види јавноста. Мораме сите заедно да покажеме дека сме зрели“, кажа министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања