ВО ЖИВО

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Традиционален концерт за празникот „Василица“ во НОБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
foto

„Viva L’opera!“ е насловот на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и в четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ).

— реклама —

– Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар – наведуваат од НОБ.

— реклама —

Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ; режисер: Дејан Прошев; дизајн на светло: Нино Митевски; концерт-мајстор: Климент Тодороски; хор- мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска-Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети-Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас). Настапуваат Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања