Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Траект со 1.246 патници остана без струја и се насука кај грчкиот остров Милос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryd6f9a82oqljm1iWA0v0
фото: unsplash

Грчките власти започнаа истрага за причините поради кои патничкиот траект „Кисамос“ останал без електрична енергија и се насукал кратко по испловувањето од островот Милос во раните утрински часови во саботата.

— реклама —

Траектот на компанијата АНЕК, кој пловел на релацијата Пиреја – Суда, превезувал 1.246 патници и 108 членови на екипажот. Околу 3:10 часот, непосредно по напуштањето на Милос и при северен ветер со јачина од пет до шест степени според Бофоровата скала, на бродот дошло до целосен прекин на електричното напојување.

Поради дефектот, траектот се насукал во плитки води.

— реклама —

По подводен преглед што го извршил нуркач, бродот успеал самостојно да се ослободи и безбедно да се врати во пристаништето Милос, придружуван од патролен брод на грчката крајбрежна стража.

— реклама —

Во инцидентот нема повредени патници или членови на екипажот, а надлежните соопштија дека не е забележано загадување на морето ниту навлегување вода во бродот.

Пристанишната управа на Милос му забрани понатамошно испловување на траектот сè додека не завршат инспекциите и не се утврдат причините за електричниот дефект и насукувањето.

Од компанијата АНЕК соопштија дека по испловувањето од Милос настанал „технички дефект“, кој бил отстранет од машинскиот екипаж, по што бродот безбедно се вратил во пристаништето, каде што останува до завршување на проверките од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library24luvmipt5kn0yY4pIw

Грција забрани социјални мрежи за деца помлади од 15 години

Технологија | пред 18 часа

— реклама —
media-library59hptidl3jcr7AKEZSa

(Видео) Солун ќе биде наш и овој продолжен викенд

Македонија | пред 1 ден

media-library9ejd67920cac56Aek3z

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 години

Свет | пред 1 ден

media-libraryglb22uj4ohm38V22BUD

Се претставиле како полицајци и ја измамиле: Жена оставила 45.000 евра и накит во контејнер за ѓубре во Грција

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања