Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трагедија кај Сенегал: Потона чамец со мигранти, пронајдени 21 загинат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Свет
media-librarymon3ksfgc5he5TnK3fs
unsplash

Најмалку 21 лице го загубило животот откако чамец со мигранти потонал во близина на брегот на Сенегал, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа африканска земја.

— реклама —

Според официјалните информации, спасувачките екипи во саботата вечерта пронашле 21 безживотно тело, додека едно лице било спасено. Несреќата се случила во близина на градот Кебемер, околу 180 километри северно од главниот град Дакар.

— реклама —
— реклама —

Потрагата и спасувачките операции продолжуваат, бидејќи властите се обидуваат да утврдат дали има преживеани. Засега не е познато колку лица се наоѓале во чамецот, кој превезувал луѓе што се обидувале нерегуларно да влезат во земјата.

— реклама —

Илјадници луѓе во изминатите години загинале обидувајќи се од Западна Африка да стигнат до Канарските Острови во Шпанија. Според податоците на организацијата за заштита на правата на мигрантите „Вокинг Бордерс“, само во првите пет месеци од оваа година на таа маршрута загинале 635 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања