Промени тема
Контакт

Трагедија во Египет: Девет деца загинаа кога минибус падна во канал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8s23g2pfhvms01TtSdi
Принтскрин/Јутуб

Девет деца загинаа, а две се повредени откако патнички минибус излетал од патот и паднал во канал во областа Абу Тиг, во египетската провинција Асијут, соопштија локалните власти.

— реклама —

Несреќата се случила на околу 320 километри јужно од Каиро, во регион познат по своите историски знаменитости.

— реклама —

Според локалните медиуми, до трагедијата дошло поради дефект на управувачкиот систем, по што возилото, во кое се превезувале деца, се превртело и паднало во каналот.

Медиумите јавуваат дека децата биле на возраст од 10 до 17 години и се враќале дома од работа на блиските фарми.

— реклама —

Фотографиите објавени од канцеларијата на гувернерот покажуваат голем број луѓе собрани покрај каналот, како и нуркачи кои учествувале во потрагата по настраданите.

Гувернерот на Асијут, Мохамед Елван, наредил итно преземање дополнителни безбедносни мерки, вклучително и поставување бетонски бариери долж бреговите на каналот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybcfoafuak6pie08qeEb

Најконтроверзната атракција во египетската престолнина: Место каде што луѓето со векови живеат меѓу гробови

Патувања | пред 3 седмици

— реклама —
media-library5rr9dvr5lfah1etE7dZ

Најмалку 21 загинат во тешка автобуска несреќа во Египет, десетици повредени

Свет | пред 1 месец

media-libraryr9sfffa1j9n7fBmI9Dh

(Видео) Неверојатна сцена на автопат во Египет: Крадци крадат од камион додека вози

Свет | пред 1 месец

media-libraryc3fj7j2lnes8dxEUwwT

Најмалку 18 загинати во тешка несреќа во Египет, повеќето биле тинејџери

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања