Промени тема
Контакт

Трагедија во Непал: загинаа петмина руски планинари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
nepal-planini

Пeтмина руски планинари загинаа при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал.

— реклама —

Руските планинари се искачија на планината Даулагири висока 8.167 метри. Во Непал во моментов е во тек есенската сезона на качување. Планинарите исчезнаа од неделата, а денеска нивните тела беа забележани од спасувачки хеликоптер, изјави Пемба Џангбу Шерпа од I AM Trekking and Expeditions, со седиште во Катманду.

— реклама —
— реклама —

Се уште не е одлучено дали, кога и како телата ќе бидат симнати од планината. Таквата операција би барала обемно планирање, работна сила и соодветна опрема. Двајца руски планинари всушност стигнаа до врвот, додека останатите планинари почнаа да се враќаат без да стигнат до врвот. Меѓутоа, тогаш радио контактот меѓу нив и членовите на тимот во базниот камп беше изгубен, додава тој.

Минатиот месец започна есенската сезона на качување, која не е толку популарна како пролетната сезона. Планините се помалку полни, а таксите за дозволи се пониски, пишува Асошиетед прес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfguih0qnmja2fABX3tV

(Видео) Поројна поплава во Непал уништи мостови, куќи и градилишта на хидроцентрали. Се трага по пет исчезнати лица, евакуирани 95 луѓе

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoekv449903i0bsMKf1i

(Видео) Страшна поплава во Непал: Однесени десетици куќи и мостови, најмалку 10 лица се водат како исчезнати

Свет | пред 2 дена

media-library33dcste06kr6cIVKypC

(Видео) Најмалку 62 загинати во поплавите во Индија, илјадници евакуирани

Свет | пред 2 седмици

media-librarycigf5u74nct67j6o2bn

(Видео) Поројни дождови и бури во Индија и Непал: Најмалку 19 загинати, 10 исчезнати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања