Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Нигерија: Се преврте преполн брод со патници, се трага по преживеани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryv0ckg4ntrvpgc9AAt1D

Преполн брод се преврте во нигериската сојузна држава Бајелса. Полицијата и локалното население соопштија дека спасувачките екипи трагаат по преживеани.

— реклама —

Бродот превезувал патници кои се упатиле на погреб, кога се превртел во близина на местото Укубије, во областа Јужен Иџау, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на полицијата во Бајелса, Муса Мохамед, изјави дека на местото на несреќата била испратена поморска единица за да помогне во спасувачката операција.

— реклама —

Полицијата засега не соопшти колку лица загинале, колку се спасени, ниту колку се водат како исчезнати.

— реклама —

Една од патничките изјавила дека качувањето на бродот во местото Ањама Иџау се одвивало во хаос. Таа посочила дека пловилото било преполно со патници и дека набргу по испловувањето се превртело.

— реклама —

По несреќата, неколку лица биле извлечени на брегот, додека спасувачките екипи продолжиле со потрагата по останатите патници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања